Feed on
Posts
comments

Абу Даби

Абу Даби е главниот емират на сите седум емирати на Обединетите Арапски Емирати. Секој емират има свој шеик, но шеикот на Абу Даби е главен и на својот емират и на сите заедно.

Овој емират е најбогат од останатите и има најмногу нафта. Но, за разлика од Дубаи не се гради толку многу и има пониски градби. Целиот емират од почеток до крај има ограда од ковано железо и многу зеленило.

Во овој град се наоѓа Sheikh Zayed Mosque која е најголемата 6 та џамија во свет. Белиот мермер од кој е направен џамијата е од Македонија,  Прилеп, познатиот Сивец мермер. Додека внатрешноста е направена од најбелиот мермер во светот од северна Италија. За да влезеш внатре мора да се облечеш во нивните традиционални облеки. Женските облекуваат абаја која е составена од црна матија и превез околу главата, додека мажите бела мантија која ја викаат диџдаш. Бидејќи е џамија, мора да се соблечеш бос за да влезеш. А кога ќе бидеш веќе внате, тоа е друг свет. Внатре се наоѓа најголемиот тепих рачно направен во светот кој тежи 35 тони, како и 7 неверојатни лустери направени од илјадници Сваровски кристали . Еден таков лустер тежи 10 тона. Оваа неверојатна градба секој го остава без здив.

Исто така, тука се наоѓа и најголемиот и најскапиот хотел со 7 ѕвезди во светот Emirates Palace, која е целиот во злато. Хотелот ја преминува границата на перверзност. Лани во фоајето била поставена најскапата елка во светот, додека годинава поради кризата елката беше поскоромна. Покрај неверојатниот луксуз, во овој хотел имате можност да вкусите чоколадно колаче и капучино попрскано со 24 каратно златно. Хмммм, вкусно многу!

Дел од златото  и нафтата не си понесовме дома, ама затоа имаме многу прекрасни спомени кој ќе останат дел од нас засекогаш.

403753_10151126006100573_896465572_22388993_131246523_n

332333_10151112337085573_896465572_22324433_159099154_o

323519_10151111884385573_896465572_22320970_2234221_o

380490_10151126007000573_896465572_22389003_2084752509_n

381936_10151126007755573_896465572_22389009_1089682572_n

392733_10151126007880573_896465572_22389010_1202990151_n

402089_10151126008470573_896465572_22389014_938728119_n412957_10151111904910573_896465572_22321112_1670891436_o

Дубаи е еден од седумте арапски емирати. Тој е водено и град и емират, втор по големина после Абу Даби. Својата независност ја има добиено пред 40 години од Британците кои денес имаат почесно место во нивното општество. Ако си Британец сигурно имаш добро платена работа и позиција.

Денес, Дубаи има силна економија базирана на нафтената индустрија ( иако 85% од нафтата во светот ја има Абу Даби) тие бизнис моделот го базираат на профит од туризам, недвижности и градежништво и финансиски услуги. Овој град и емират е атракција по многуте неверојатни иновативни проекти, градби и спортски настани. Економската криза и нив ги има зафатено, така што моментално многу проекти се ставени во мирување.

Дубаи е земја без даноци и затоа многу странски компании инвестираат во неа и отвораат компании. Интересно е што во 2008 година, 85% од крановите од целиот свет биле во Дубаи и се градело со толкав интензитет.

Нивна валута е дирхам која е врзана со доларот и курсот не е сменет од 1980 година. Работни денови им се од недела до четврток (викенд денови се петок и сабота). Престижоти богатството не се мери по лудите коли кои скоро сите ги возат, туку по колку помалку бројки имаш на регистрацијата. Максиумум се 5, а минимум 1. Шејкот на Дубаи ги има сите регистрации од А-З со бројки од 1-5.

Покрај тоа што оваа земја е преплавена со луксуз, раскош и многууууу гинисови рекорди (тоа им е престиж) во неа се е средено и скоцкано. Како викаат, што не можеш да направиш со пари, можеш со многу пари. Ја имаа највисоката зграда во светот, најголемиот трговски центар, наголемата аеродромска писта, најголемиот аквариум во еден панел, најголемиот златен прстен, неверојатна фонтана која игра, ски центар на 50 степени внатре во трговски центар, како и хокеарско лизгалиште, палмата која е вештачки направена и функционална на неа се живее и што уште не….Во Дубаи и најневозможното е возможно.

Иако може ќе помислите дека е арапска земја и многу по муслимански се живее, Дубаи е ориентиран кон западот и муслиманските вредности не се ни приметуваат.

Кој има можност, мора да го види тој луксуз и начин на живот…едноставно неверојатен е!

393700_10151125992815573_896465572_22388856_1008944242_n

401245_10151125994660573_896465572_22388883_729246879_n

331283_10151116209395573_896465572_22348965_601303213_o

385089_10151126011875573_896465572_22389036_2081402546_n

373796_10151125999485573_896465572_22388940_1491991643_n

383828_10151125994995573_896465572_22388889_992362983_n

400005_10151126010545573_896465572_22389031_1563972393_n

На Бадник секоја година правам ретроспектива на изминатата година. Ова ми е јубилејна, 5 година (2010, 2009, 2008, 2007 ).

Уфффф, помина уште една цела година…365 дена летнаа така брзо. И дефинитивно беа прекрасни во секоја смисла на зборот. Оваа година ја посветувам на патувањата и љубовта. Полека но сигурно се шири и друштвото на бебиња, така што мислам дека од оваа година (2012) важен елемент во мојот живот ќе биде и родителската љубов.

Како помина мојата 2011 година:

  • Јануари: Оваа година решив да ја посветам на себе (нас – моја и сеуште на мојот вереник) бидејќи ова беше наша година. Имаше новости за бебчиња од пријатели со што се започна љубовта во оваа година.
  • Февруари: Во овој месец после година и половина учење, магистрирав. На ден 09.02.2011 станав магистер по комуникации и односи со јавноста.
  • Март: Од март започнаа подготовките за мојата свадба :) Веселба се ближеше и сите бевме возбудени!!!
  • Април: Иако во февруари магистрирав, јас продолжив да се занимавам со едукација (вечна бубалица) така што добив награда за есеј. Истиот може да го прочитате тука. Во овој месец започнаа патувањата за оваа година. Првото уживање беше велигденски викенд во Грција.
  • Мај: Финалните подготовки за свадбата беа при крај…….
  • Јуни: започна со девојачката забава за која МНОГУ им благодарам на моите другарки и им посакувам на сите на си дочекаат ваква убавина! Секако после таа веселба, се веселевме на нашата свадба која за нас беше најубава :) Впрочем, за секој неговата свадба е најубава. Како што заврши таа веселба, за два дена си прославив роденден, па после уште 2 дена тргнавме на меден месец на Бали. Во јуни лани се вселивме заедно во нашиот дом, што значи дека прославивме и една година од почетокот на заедничкиот живот. Маж ми најде нова работа овој месец, и моја многу добра другарка го донесе на свет бебушот Филип. Дефинитивно, можам да кажам дека јуни беше МОЈ месец изминатата година кој ќе го паметам по многу нешта.
  • Јули: Само што се вративме од Бали, време беше да планираме ново патување. Моја голема животна желба ми беше да го посетам Дубаи. Така што, дестинацијата беше одлучена одиме кон истокот за Нова Година.
  • Август: Па веќе кога патувавме и планиравме патувања, не оди ако не ја прошеташ и својата земја. Овој месец прошетавме до Охрид и Берово со одлично друштво секој пат.
  • Септември: До овој месец, годината беше прекрасна. За жал, животот е исполнет и со убави, но и со тажни и болни мигови. Во септември, многу од нас изгубија син, брат, член од семејство, другар, колега..Затоа овој месец го посветувам на  Марко Кабранов, мој драг колега кој секогаш ќе го паметам по насмевката и желбата за подобро утре.
  • Октомври: Повторно многу убави новости во овој месец од годината :) Дознавме дека следната година ќе крштеваме, што значи дека чекаме бебе од кумашините. Сеуште, не доволно израдувани на нивната преубава новост, дознавме дека и ние ќе имаме бебе :) На среќата и нема крај! Друштвото ќе ни се зголеми во новата година!
  • Ноември: Возбудени што за патувањето кое се ближи, што за она што не очекува во скора иднина.
  • Декември: Годината исполнета со патувања, да ја испратиме исто така. Во Дубаи и рековме чао на старата 2011 година и здраво на новата која мора да кажам дека започна спектакуларно, неверојатно, нестварно. Искрено Ви посакувам на сите да имате цела таква година како почетокот на мојата. Среќна нова 2012!!!!

Older Posts »